Почитувањето на детето од страна на родителот значи испраќање порака колку детето му е важно на родителот. Тоа не значи дозвола да прави што сака, туку значи да му се посвети внимание, да се уважи неговото мислење, да се задоволат детските потреби и желби, кои треба да се разумни и прифатливи.
Детето најмногу учи преку личниот пример на родителот, па затоа е потребно тој да му покаже на детето како треба да се почитуваат другите, туѓото мислење, различностите.

Покажување љубов, внимание, грижа, адекватен разговор со детето без да се омаловажува неговата личност, без да му се вика и да се нарекува со погрдни имиња, сето тоа е почитување на детето од страна на родителот. Тогаш детето ќе реагира на позитивен начин, ќе ги почитува своите родители и другите луѓе, но што е најважно, ќе се почитува и самото себе и ќе развие самодоверба. Детето што остварило приврзаност со родителот е почитувано и емоционално стабилно дете и е приемчиво за позитивното дисциплинирање. Таму каде што има отфрлање, манипулација, а не љубов, самото дисциплинирање станува комплицирано и мошне сложено.Особено самодовербата е директно условена од почитувањето на детето од страна на родителот и неговите најблиски. Детето може да живее без многу работи, играчки и други материјални нешта, но не може да биде среќно без љубовта и почитта од родителот

Please follow and like us:

Leave a Comment