Потребно е родителот да биде водач во детскиот живот, кој ќе покаже љубов, топлина и емпатија кон детето.
На детето му се потребни безусловна родителска љубов, емоционална сигурност, физичка и вербална наклоност и емпатија со неговите чувства.

Тоа се покажува преку вербализирање на чувствата, односно чувствата да се именуваат со зборови, родителот на детето да му кажува дека го сака, да употребува позитивни зборови, да го гушка, бакнува, да се шегува со него, да го теши кога е повредено или исплашено, да игра со него, да му чита, да му помага во училишните задачи, активно да го слуша, да го пофалува и охрабрува. Љубовта не се подразбира, таа се покажува и именува. Позитивниот пристап на родителот кон детето исполнет со топлина обезбедува соработка и остварување на родителската улога на водач, како и остварување на долгорочни цели.
Емпатичниот родител ги разбира потребите на детето и со него се однесува на начин на кој му помага тоа да се чувствува дека е слушнато и разбрано.

Please follow and like us:

Leave a Comment