Однесувањето на родителот кое се темели врз најдобрите интереси на детето е
позитивното родителство. Тоа подразбира:
• грижа, нега, љубов, топлина, ненасилно однесување на родителот кон детето;
• признавање и почитување на личноста и правата на детето;
• холистички пристап во родителството, кој спојува три меѓусебно поврзани дела:
– развојни потреби на детето;
– стекнување знаења и развивање вештини кај родителот за да може
соодветно да одговори на детските потреби;
– користење на родителските компетенции во растење на детето како во семеен,
така и во социјален контекст.
Поддржувањето на програмата „Фер родител – фер дете“ во поширок општествен
контекст значи поддршка на семејството од страна на општеството, зајакнати
капацитети на родителот за грижа на детето и остварување на благосостојбата на
детето како врвен приоритет на државата.
Програмата „Фер родител – фер дете“ се базира врз пет принципи на позитивното
родителство: приврзаност, почитување, проактивно родителство, водство со емпатија
и позитивна дисциплина. Детето не се учи само во моментите на опоменување
и коригирање од страна на родителот, туку и низ многу други моменти на
секојдневното однесување исполнети со солзи и смеа, успеси и неуспеси, поддршка и
обесхрабрување, прифаќање и негирање, отуѓување и повторно поврзување и сл.
Ефикасноста за детето е да развие личен модел на вредности, прифатливо
однесување и вештини за решавање на проблеми.
Детето има потреба од одговорен родител, како сигурна база каде што ќе може да
побара помош и поддршка во моментите кога ќе се почувствува несигурно, уплашено,
тажно или ќе биде во некоја друга непријатна состојба или емоција.
Родителот е пример, модел според кој детето учи како да се однесува, емоционално
да се изразува и како да воспоставува социјални контакти. Преку родителот детето
учи и развива лични морални вредности, начини на разрешување конфликти и
развивање социјални вештини. Во семејството треба да се создаде средина во која
детето ќе може да напредува заедно со родителот, поаѓајќи од наједноставни животни
Заклучок: 
Програма за позитивно родителство е потребна во  секојдневни ситуации, како што се, на пример, вклучување на детето во правење појадок, планирање на семејниот одмор и слично.
Позитивното родителство е синоним за одговорно и адекватно родителство.
Позитивното родителство го учи детето на ненасилство, емпатија, самопочит,
човекови права и почитување на другите. Родителот учи да гради позитивни релации
со детето, исполнети со љубов, внимание и топлина, но со водство, поставување
граници и почитување на детето како индивидуа со свои права. Затоа особено
внимание треба да се посвети на обврската за постигнување рамнотежа меѓу
одговорноста на родителот да се грижи, да го воспитува и да го заштитува детето од
една страна, како и потребата да се гради свесноста кај детето како носител на права,
од друга страна. Притоа, потребно е да се разрешат сфаќањата за детето како предмет
на заштита. Детето не е пасивен примател на нега, грижа, внимание и советување од
родителот, тоа е активен чинител во интеракција со родителот. Во растот и развојот на
детето во согласност со неговата возраст, родителот е одговорен да ја поттикнува,
развива и поддржува детската автономија.

Please follow and like us:

Leave a Comment