Автори:
м-р Тања Богатинова, специјален едукатор и рехабилитатор

Магистер по специјална едукација и рехабилитација, со долгогодишно работно искуство во граѓанскиот сектор, координатор на повеќе од 30 национални проекти од областа на заштита на децата и младите, со посебен аспект на маргинализираните групи, како и учесник во меѓународни проекти и супервизии од областа на истражувања на социјални и образовни политики. Основач е на граѓанската организација Центар за интегрална рехабилитација ВИГОТСКИ – Велес каде е претседател и одговорна за менаџирање со проекти и човечки ресурси.

Учествува во работата на повеќе работни тела во граѓанскиот сектор, на национално ниво, а е вклучена и во работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво на РМ во периодот од 2014 до 2018 година. Во периодот од 2008-2016 година е член и во Управниот Одбор на Глобалниот Еколошки Фонд ГЕФ- ПМГ за мониторинг и имплементација на национални проекти за заштита на животната средина и здравјето на најмладите.

Автор е на повеќе истражувачки статии објавени во национални и меѓународни зборници на трудови, а во фокусот на нејзиниот интерес е детето и неговото опкружување, семејството и средината. Има публицирано и разновидни печатени и електронски материјали.

Има 14 години работено како дефектолог во Посебното Основно Училиште ,,Маца Овчарова,, – Велес, каде е директно вклучена во непосредна работа со деца со посебни потреби и нивните семејства, креирање на серија иновативни тестови за евалуација на когнитивниот и моторниот развој на децата, развивање на индивидуални образовни планови, дефектолошка дијагноза, психо-моторна реедукација, студии на случај, истражувачка дејност, и развојни планирања. Поседува сертифицирано искуство во сензорна интеграција, бихевиорална метода, гимнастика на мозок  и работна терапија. Работи како обучувач на наставен кадар од редовно образование за развивање и евалуација на наставно планирање, оценување на ученици со посебни потреби во инклузивна училница, развивање на инклузивно училиште како и обуки и работа со родители на различни теми.

д-р Невена Петровска, педагог

Доктор по педагошки науки, член на  Државниот совет за превенција на детско престапништво на РМ, сертифициран обучувач, учесник во стручни проекти, истражувања, меѓународни конференции, автор на повеќе публицирани статии во зборници и научни списанија за прашања од областа на детското престапништво и правда за децата. Нејзиниот стручен и научно-истражувачки интерес е фокусиран во областа на социјалната педагогија, детското престапништво, семејството и јакнење на неговата улога и поддршка на родителите, заштита на деца жртви на насилство и други кривични дела, педофилијата и други прашања поврзани со децата и семејството од педагошки аспект.

Во своето дваесетитригодишно работно искуство и ангажман во системот на социјална заштита, шеснаесет години  работи како педагог во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Скопје. Нејзиниот работен ангажман во центарот бил насочен во директна работа со деца од ранливи категории, а значаен дел од својот стручен ангажман го посветила во работа со семејства кои живеат во особено тешки околности. Од 2010 година својот работен ангажман го продолжила во ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, каде и денес работи како педагог и учествува во сите активности  согласно надлежностите на установата.

Снежана Пајовиќ-Мишевска, психолог и психотерапевт

Психолог и гешталт психотерапевт, серифициран обучувач, автор на публикувани статии и стручни материјали од областа на детското престапништво, учесник во стручни проекти и истражувања од областа на правда за децата.

Професионалниот интерес и ангажман го има насочено на психологијата во социјалната заштита, каде и го стекнува своето дваесетригодишно работно искуство.  Единаесет години работи како психолог во ЈУ Маѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје, во директна работа, третман и заштита на деца во ризик, деца жртви и сведоци на насилство и деца во судир со законот, како и помош и поддршка на нивните семејства, особено на најранливите категории во системот на социјална заштита.

Од 2006 година професионалниот ангажман го продолжува во ЈУ Завод за социјални дејности – Скопје, каде согласно законските надлежности на установата продолжува посветено да работи на полето на унапредување и почитување на правата и интересите на деца, особено во ситемот на социјална заштита во РМ.

Please follow and like us:

Leave a Comment