Родителот има различни одговорности кон детето, почнувајќи од обезбедување
на неговите егзистенцијални потреби, преку воспитување до воспоставување на
детска автономија. За правилен раст и развој на детето од особена важност е да се биде добар родител, односно добар родител-слушател и родител-водач. Притоа, секогаш е потребно детето да се стави во прв план. Програмата „Фер родител – фер дете“ ги содржи следниве елементи преку кои е опишано позитивното родителство:
••поттикнување на одговорност и позитивна комуникација;
••почитување на правата на детето;
••препознавање на развојните фази и потребите на детето и стекнување
родителско искуство;
••создавање безбедна и стимулативна структурна средина за учење.

Please follow and like us:

Leave a Comment