Прирачникот е наменет за возрасните што се грижат за децата и што работат со децата. Наменет е за сите родители, старатели, згрижувачи, за оние што планираат да станат родители или старатели, но и за сите што се заинтересирани да дознаат повеќе за родителството. Содржината на прирачникот е адаптирана за родители и старатели на деца на сите возрасти, за оние што родителството го поделиле со партнер, но и за оние што сами се грижат за децата.

Позитивното родителство се применува за мали деца, за училишни деца или за адолесценти, но исто така, и за деца со попреченост или со тешкотии во развојот кои не се типични за нивната календарска возраст, со хронични или ретки болести, како и за деца што биле занемарени и злоупотребени.

Воедно, наменет е и за професионалците што работат со деца и им даваат поддршка на родителите, како што се вработените во предучилишните установи, педагози, психолози, дефектолози и наставниците од училиштата, социјалните работници, здравствените работници и сите оние што се задолжени за поддршка на семејствата.

 

Напомена: Во понатамошниот текст за поедноставување се користи терминот родител, но тоа не ги исклучува старателот, згрижувачот и сите преостанати кои се грижат за детето и ја преземале родителската улога.

Please follow and like us:

Leave a Comment