Вежбајте ги вештините за активно слушање!

Родителот често сака да ги вербализира, да ги раскажува заедничките настани со детето. Притоа се случува родителот да ги каже сопствените доживувања, впечатоци и мисли и не остава простор детето да ги искаже сопствените чувства и искуства од тој настан.
Тоа е многу ризично во општеството во кое денес расте детето, бидејќи може лесно да потпадне под влијание и притисок на врсничката група, која може да му дава упатства. Доколку детето се научи самостојно да расудува, тоа ќе употреби критичко размислување и ќе биде во можност само да донесе одлука. Наместо веднаш да реагира и да ја земе работата во свои раце, потребно е родителот да го остави детето да каже што тоа мисли, како се чувствува и да понуди решение.
Активното слушање е една од вештините на комуникација која најтешко се совладува. Важно е родителот да го слуша детето кога зборува, бидејќи на тој начин ќе го научи да размислува. Потребно е родителот заинтересирано да поставува прашања и тоа: Што…? Како…? Зошто…? и да има доволно време за да слушне и дознае што детето мисли и чувствува. Доколку родителот нема доволно време за да ги ислуша одговорите на детето, тогаш е пожелно нив да не ги поставува.

Please follow and like us:

Leave a Comment