Родителството може да биде планирано или непланирано, прифатено или осудувано, самостојно или во партнерство, поддржано или не, биолошко или по пат на посвојување, но каква и да е неговата форма,центар на родителството секогаш е детето кое треба да биде врвен приоритет за возрасниот кој се грижи за него. Повеќето родители, при растењето на своите деца, се потпираат врз сопствените инстинкти или лични
искуства во детството и семејното живеење. 

Понекогаш овие информации и знаења на родителот му помагаат, но понекогаш не, па дури и несвесно го носат во погрешна насока. Кога родителот прави грешки во воспитувањето на своето дете, тоа не е поради недостаток на љубов, туку поради незнаење на поефективни форми на воспитување. Понекогаш казнувањето на децата, особено физичкото казнување, во семејството се
прифаќа како дел од традиционалното воспитување и се спроведува како начин на дисциплинирање на детето. Доколку родителството се разбере како долгорочно патување, кое почнува од самото раѓање на детето и се одвива низ време и простор, потребно е родителот да го запознае сопатникот“, односно детето. Патувањето може да биде пријатно и без проблеми, но често е придружено со препреки, бури и дилеми како да се продолжи понатаму.
Затоа се потребни знаци покрај патот кои ќе дадат подобри и правилни насоки и ќе го направат патувањето безбедно и попријатно, како за родителот така и за детето.
Позитивното родителство, како начин на воспитување на детето, промовира нов,позитивен, ненасилен пристап во родителството.

Идејата за позитивно родителство води кон разграничување на строгиот и попустливиот
родителски пристап во воспитување на децата и промовирање на ненасилно родителство, со почитување на правата на детето и позитивно дејствување врз развојот на детскиот потенцијал, а во најдобар интерес на детето.

Please follow and like us:

Leave a Comment