Во семејство со двајца родители, тие може да практикуваат исти, слични или различни воспитни стилови. Пожелно е родителите да се согласни околу основните вредности на кои сакаат да го научат детето и да не го рушат авторитетот на другиот родител, кој мисли и постапува поинаку, особено пред детето. На овој начин ќе се усогласат воспитните стилови помеѓу родителите кон детето, бидејќи е многу важно родителите да упатуваат идентични пораки кон детето за договорените семејни правила и граници.

Во многудетни семејства, понекогаш родителите не практикуваат ист родителски пристап кон сите свои деца. Пожелно е родителите да негуваат ист воспитен стил, односно родителски пристап кон сите свои деца, но со почитување на индивидуалните потреби
кои произлегуваат од различните развојни фази во кои се наоѓаат децата.

Негативниот, строг, авторитарен родителски стил може штетно, а во некои случаи и трајно да влијае врз развојот на детето. Но, и крајно попустливиот родителски стил може да значи дека детето нема да може добро да функционира како возрасен. Индиферентниот воспитен стил кај детето може да предизвика чувство на отфрленост, да не се оствари приврзаноста со родителите и да не чувствува припадност во семејството. Понекогаш однесувањето на родителот кон детето излегува од границите на еден стил и може да е комбинација од повеќе воспитни стилови.

Сепак, најдоминантните и најприменувани постапки во родителството означуваат поголема склоност кон одреден воспитен стил, кој родителот го оправдува и му дава приоритет. Секој родителски воспитен стил развива одредени особини и карактеристики кај детето.

Please follow and like us:

Leave a Comment