Сe што прави родителот со детето има форма на комуникација. Со комуникацијата родителот на детето му испраќа пораки, преку кои сака да му го пренесе тоа што го мисли, чувствува или тоа што го сака. Тоа не се однесува само на изговорените зборови, туку и на бојата на гласот со која се обраќа родителот, изразот на лицето и говорот на телото.
Начинот на комуницирање на родителот со детето може да испраќа порака на почитување, емпатија и грижа, но може да испраќа и спротивна, негативна порака. Позитивната комуникација со детето предизвикува желба и мотив да соработува со родителот, заснована е врз блискост, љубов и заемно почитување, а не врз дистанца, контрола, страв и доминација. Тоа го намалува отпорот кај детето.

Начинот на кој родителот комуницира со детето станува модел според кој учи да комуницира со другите луѓе, да решава проблеми, да биде свесно за себе и за другите, да се почитува себеси, но и другите.
Кај луѓето комуникацијата е намерна и ненамерна. Кога примената информација од соговорникот има и емотивна содржина, предизвикува реакција и комуникацијата станува поблиска, интимна и значајна.
Кај децата постојат многу начини на комуницирање. Тие се изразуваат себеси не само низ зборови туку и со своето однесување, низ игра, цртање, моделирање, музика, пеење, танцување и пишување.
Интеракцијата меѓу родителот и детето е комбинација од вербална и невербална комуникација. Притоа, 8% од пораките детето ги прима преку вербалната комуникација со родителот, додека 92% припаѓаат на невербалната комуникација.

 

Please follow and like us:

Leave a Comment