ОПИС НА ПРОЕКТОТ „ЧЕКОРИ ЗА ПОЗИТИВНО РОДИТЕЛСТВО“

 Цел на проектот: Развивање на позитивно родителска програма и материјали, како методи за поддршка на професионалците и родителите/старателите во насока на јакнење на нивното знаење и градење на вештини за позитивно родителство, односно позитвна комуникација и реагирање во одредени интеракции со детето.

Програмата е базирана на принципот на позитивно-родителска методологија, веќе развиена и достапна во многу земји, чиј пристап не се однесува само кон децата, туку и кон родителите. Податоците од имплементацијата на оваа методологија  (the Triple P) укажуваат дека кај родителите се намалува стресот, поммалку се лутат, помалку се депрмирани, намалени се конфликтите со децата, со нивните партнери, се подобруваат нивните капацитети за функционирање на работа и сл.

Методите ги вклучуваат следните теми, но не се лимитирани: Како да играш со твоето дете, Како да му помогнеш на своето дете да учи, ефективно охрабрување и поддршка, Како да го мотивираш своето дете, Како да го следиш детето преку поставување на граници и правила, Справување со неадекватно/лошо однесување, решавање на проблеми и сл.

Бенифитите кои се очекуваат од проектот вклучуваат: подобрени родителски знаења и вештини, подобрени ставови и чувства, имитација и самодоверба, подобрени знаења и разбирања за детскиот развој, пристап до ресурси и поддршка на достапни сервиси, вклучување во социјалните мрежи и средината, родителско-детска релација базирана на поврзаност, приврзаност и комуникација.

Исходи:

  • Програма  за професионалци
  • Прирачник за родители
  • Брошура за родители
  • Серија ислутративни материјали за деца до 12 години
  • Позитивно родителски портал (размена на знаења, промоција на интер-секторска соработка на одделите за здравство, социјалниот сектор и образованието), со цел да се делува превентивно и да се реагира на насилството врз децата.
  • Лобирање Програмата да стане дел од работата на националните надлежни структури.
Please follow and like us:

Leave a Comment