ЦИР Виготски со поддршка на Канцеларијата на УНИЦЕФ го спроведува проектот „Чекори за позитивно родителство“. Проектот се спроведува во неколку фази. Во првата фаза се развија материјали за позитивно родителство (програма, прирачник, серија ислустративни материјали), односно се разви програмата ФЕР РОДИТЕЛ – ФЕР ДЕТЕ, како метод за поддршка на родителот за позитивно реагирање во одредени интеракции со детето.
Нашето повеќе децениско професионално и родителско искуство, ни потврди дека традиционалните стилови на родителство кои до пред само неколку децении се пренесуваа трансгенерациски во нашата земја, сега се неадекватни и неприлагодливи кон потребите на денешниот родител. Денешниот родител покажува подготвеност да ја прифати одговорната улога која ја има како главен актер во процесот на грижа и воспитување на децата, а воедно покажува и отвореност за промени и подобрување на ова поле.
Група експерти од нашата земја, кои имаат долгогодишно практично искуство со непосредна работа со деца и родители, не превземаа готова програма, туку работеа врз развивање на нова иновативна програма за родителство, базирајќи се на искуството, карактеристиките и потребите на нашите деца и родители. Се креираше програмата ФЕР РОДИТЕЛ – ФЕР ДЕТЕ.
Програмата ФЕР РОДИТЕЛ – ФЕР ДЕТЕ е наменета за секој родител кој има вообичаени секојдневни потешкотии со детето во периодот од раѓањето до крајот на пубертетот. Можат да ја користат и стручните работници кои му обезбедуваат поддршка на родителот, како и на семејствата. Се базира врз Конвенцијата за правата на детето и негова заштита од сите форми на насилство, злоупотреба и занемарување, кои потенцијално го загрозуваат или го нарушуваат физичкиот, психичкиот и моралниот интегритет на личноста на детето.
Сега оваа програма се валидира на повеќе нивоа, со родители, деца и професионалци од различни етнички заедници.

 


Please follow and like us:

Leave a Comment