Центарот за интегрална рехабилитација ВИГОТСКИ е непрофитна и невладина хуманитарна организација  основана во 2002 година. Делува во областа на социјалната заштита и подобрување на условите за живот на децата и младите, заштита на животната средина и развивање на демократијата и граѓанското општество, како на локално, така и на национално ниво.

На локално ниво (Општина Велес) имаме спроведено и реализирано многубројни активности меѓу кои во последните неколку години ќе ги наброиме: монтирањето на соларни системи во Детската градинка ,,Димче Мирчев,, и иницирање и логистика на проектот за монтирање на соларни системи во Спортската сала ГЕМИЏИИ; проектот за монтирање на забавно-рекреативен парк пред Ј.З.У. Здравен дом; континуирана поддршка на интериерот на детското одделение при Јавната болница; едукација и тренинг  на наставен кадар од редовните основни  и средни училишта на разни теми од областа на социјалната и здравствената заштита; координирање и креирање  на процесот за изработка на двата последни Локални акциски планови за лица со инвалидност во период од 10 години; изработка на првата Локална стратегија за дрога на ниво на Општина Велес; организирање на хуманитарни активности за деца и лица со инвалидност; анимирање на децата и младите преку учество во работилници, промоции, ликовни и литературни натпревари, психотерапеутски групи со родители и деца со хронични заболувања, учество во еколошки акции, локлани манифестации и уште многу други.

На национално ниво еден од проектите кои постигнале најголемо влијание е ;,Еколошка демократија за Велес,, за кој добивме и награда од Форд Мотор Компани Скопје за најдобар проект за деца и млади во 2004 година. Двегодишнот партнерски  проект беше поддржан од страна на Британска амбасада, имаше интерактивен центар со психотерапеутски групи за родители и деца со хронични заболувања,  ги иницираше за првпат климатските рехабилитации за децата од Велес, и се собраа 20.000 потписи од граѓаните од Македонија за измена и надополнување на Законот за животна средина и Закон за здравствено осигурување.

Центарот за интегрална рехабилитација – ВИГОТСКИ во изминатиот две годишен период со поддршка на Канцеларијата на УНИЦЕФ Скопје го спроведува проектот ,,Чекори за позитивно родителство,, за изработка на програмски материјали за позитивно родителство ФЕР РОДИТЕЛ – ФЕР ДЕТЕ. Материјалите се иновативни и ги изработуваат експерти од нашата држава, со долгогодишно искуство во непосредна работа со деца и семејства.

Специфично за оваа програма е тоа што иако таа ги следи светските трендови за позитивно родителство, е оргинална и ги следи специфичностите на нашите семејства и деца. Нејзината валидација се спроведе над 500 деца, родители и професионалци на ниво на нашата држава, од различни етникуми, социјални, образовни и возрасни групи. Во склопот на Програмата се изработија – Програма за професионалци, Прирачник за родители и професионалци, 2 стрипа за деца на возраст од 13-16 година, 4 Сликовници за деца до 12 години и Брошура за родители. Материјалите ќе бидат достапни после промоциите во онлајн верзија на посебна веб страна, а се предвидува и нивно печатење.

Please follow and like us:

Leave a Comment