Стрипот за Вечерна забава ви нуди еден поинаков пристап кој може да го промени начинот на размислување на вашето дете и истовремено да ви помогне да се справите со неоговото/ нејзиното предизвикувачкото однесување. Позитивното родителство се учи и прилагодува на возраста на вашето дете.  

 

 

 

Стрипот Стипендија, ве потсетува зошто е неоходно да му посветите внимание на вашето дете кога истото го бара од вас. Некои работи често ни го одвлекуваат вниманието од клучни моменти во растот и развојот на детето, затоа погледнете го стрипот тука.

 

Влијанието на спортот врз развојот на децата е клучен, меѓутоа и влијанието на врсниците и средината во која растат. Секој родител има обврска да ги воспитува и учи своите деца за животните вредности и за детските права и обврски. Погледнете еден начин преку кој можете заеднички да дојдете до решение соодветно за вас и вашите деца.

 

 

 

Семејството е основна клетка на секое општество. Здраво и функционално семејство е клучно за развој на активни граѓани во заедницата кои ќе бидат во можност да остварат реалции и изградат свои семејства во иднина. Улогата на родителите е да ги постават границите преку позитивен начин на воспитување на своите деца. Погледнете како се можете да го направите тоа.

 

 

Стекнувањето и одржување на пријателства во животот на децата е еден комплексен процес во кој улогата на родителите се истакнува во голема мера. Доколку знаеме дека врсниците имаат влијание врз развојот на детето на приближно исто ниво како и родителите и семејната средина, навистина треба да се потрудиме да ги поддржиме децата во процесот на осамостјување и адаптација во новата средина.

Please follow and like us:

Leave a Comment