На прашањето: Што тие би направиле ако имаат  другарче како Демир?  децата одговорија:

Ќе му кажам да си поиграме“.

Да излеземе на воздух“.

„Ќе разговараме и ќе го прашам зошто е вознемирен, ќе го прашам каков проблем има и ќе го решиме“

Децата сочуствуваат со ликовите од приказните и сакаат да споделат искуства и свои примери. Децата ја разбираат и загриженоста на мајката и понудената помош од нејзина страна.

Емоциите кои ги развија кон другиот лик, кон Марко, ги натера да се стават во негова ситуација и дел од нив кажаа за слична ситуација. Зборуваа за своите искуства кога сакале да добијат нешто, а не им било дозволено од родителите. Децата слободно разговараа за семејните правила во нивниот дом и истакнаа многу примери кои се почитуваат во нивниот дом.

,„Не јадеме во детската соба, туку само на маса“.

„Мора да сум дома за ручек во 3 часот“.

„Кој мие садови кај нас дома добива награда“.

Однесувањето на таткото го оценија како правилно и покрај лутината и незадоволството на Марко. Во овој дел исто така се ставија во лична улога и раскажаа одредени семејни моменти