„Сликовниците и прирачникот ме поттикнаа да размислувам за новиот, позитивен начин на пристапување кон моите деца и верувам дека овие совети кои се кратки и јасни ќе ми помогнат и во иднина за решавање на одредени проблемски ситуации“.
 
„ Брошурата и прирачникот можат да послужат како потсетник, како водич за позитивните начини на воспитување на детето во секојдневниот живот“.

 
„Материјалите се соодветно подготвени и за нас се од големо значење бидејќи од нив можеме да научиме како да бидеме подобри родители.“

 
„Севкупниот материјал е одличен и упатува кон тоа како можеме да ги подобри нашите родителски вештини. Особено примерите се многу јасни и конкретни, што делува мотивирачки за секој од нас да се обиде да научни како да постапува со своите деца во предизвикувачки ситуации“.