Попустлив родител е родителиот кој верува дека неговото дете знае што му треба. Тој е афирмативен и нежен, го сака и заштитува своето дете и ги прифаќа импулсите и неговото поведение.

Всушност е благ кон детето и не применува казни и забрани. Токму попустливиот родители ги прифаќа сите желби на детето и нема многу барања кон него. Исто така тој нема контрола врз однесувањето на детето и дозволува детето самостојно да ги регулира сопствените активности.

Многу често родителот не му ги предочува своите очекувања на детето и нема механизми за позитивна дисциплина. Родителот не поставува јасни граници помеѓу дозволеното и недозволеното, доброто и лошото, како во рамките на семејството, така и во пошироката социјална средина. Интересен факт е дека овој тип на родител не се гледа како единствено одговорен фактор во развојот и воспитувањето на дететот.

Особини и карактеристики кои се развиваат кај детето од воспитен стил на попустлив родител се следниве:

*ПРЕДЛОГ ЗA РОДИТЕЛОТ:
Доколку како родител сте заинтересиран да утврдите каков родителски стил негувате спрема вашето дете, ви предлагаме да го прочитате Анекс 1 на крајот од прирачникот за позитивно родителство. Ако сè уште не сте родител, истражете ги вашите ставови во однос на родителството.