Индиферент родител секогаш поаѓа од ставот „јас си имам свој живот и детето си има свој живот“, токму затоа делува како несовесен родител, немарен, безгрижен како во давањето нежност, така и во дисциплинирање на детето. Тој најчесто е насочен кон својот комодитет и не е вклучен во родителството. Неспособен е да ги сфати основните потреби на детето за нега, љубов и поврзаност. Можно е и самиот да бил занемарен како дете или имал проблеми со злоупотреба на супстанции.

Особини и карактеристики кои се развиваат кај детето од овој воспитен стил:

  • слабо разбирање на границите;
  • анскиозно ;
  • недоверба во возрасните;
  • ниска самопочит и слаба самодоверба;

Понекогаш однесувањето на родителот кон детето излегува од границите на еден стил и може да е комбинација од повеќе воспитни стилови. Родителскиот стил се учи и се прилагодува на моменталните ситуации.