Понекогаш однесувањето на родителот кон детето излегува од границите на еден стил и може да е комбинација од повеќе воспитни стилови. Сепак, најдоминантните и најприменувани постапки во родителството означуваат поголема склоност кон одреден воспитен стил, кој родителот го оправдува и му дава приоритет.
Секој родителски воспитен стил развива одредени особини и …карактеристики кај детето.  Дознајте во кој воспитен стил припаѓаат вашите методи на воспитување на детето. Потребни се пет минути од вашето време за да го решите овој тест.

1. Според вас, од предложените одговори, што има најголемо влијание за градење на карактерот на човекот?
А) воспитувањето
Б) комбинацијата на вродени/наследни карактеристики и условите на средината
В) вродените/наследните карактеристики на човекот
Г) ниту едно од наведените, туку најважно е животното искуство.

2. Што мислите за тврдењето дека и децата ги воспитуваат своите родители?
А) тоа е само игра на зборови и нема ништо заедничко со воспитувањето
Б) се согласувам со тврдењето
В) подготвен/а сум да се согласам со тоа тврдење под услов да не се потценува и традиционалната улога на родителите како воспитувачи
Г) не сум размислувал/а за тоа тврдење.

3. Кој од следниве цитати, според вас, е најреален?
А) „Ако нема што повеќе да му кажете на детето,кажете му да оди да се измие“
Б) „Цел на воспитувањето е да ги научиме децата да функционираат без нас родителите“
В) „На децата не им се потребни поуки, туку примери“
Г) „Ако го научиш детето да те слуша, тогаш си го научил на сè“.

4. Дали мислите дека родителите треба да разговараат со децата околу прашањата за сексуалноста и полот?
А) мене никогаш не ме учеле на овие работи
Б) родителот треба во одредена форма да им објасни на децата за овие прашања, доколку пројават интерес
В) кога децата ќе пораснат, тогаш треба да се зборува со нив за тоа
Г) најдобро е прво родителот да зборува за овие прашања со детето, а не тоа да дознае однадвор.

5. Треба ли родителот да му дава редовно џепарлак на детето?
А) ако побара – треба да му се дава
Б) најдобро е да му се даваат пари за одредена цел и трошоците да се
контролираат
В) добро е да му се даваат пари за одреден временски период (една недела или еден месец) за да се научи детето да ги планира трошоците
Г) понекогаш може да му се дава некоја сума.

6. Што ќе сторите ако дознаете дека вашето дете навредило друго дете?
А) ќе се разочарам и ќе се обидам да разговарам со другото дете
Б) ќе се обидам да го разјаснам случајот со родителите на другото дете
В) децата сами ќе се разберат едни со други, кај нив навредите бргу се забораваат
Г) ќе разговарам со детето како подобро да се справи во слични ситуации.

7. Како се однесувате кон зборувањето „валкани зборови“?
А) ќе се обидам да му објаснам дека во нашето семејство не се зборува тоа и воопшто меѓу чесните луѓе тоа не е прифатено
Б) ова треба да се исече во корен и да се прекинат другарувањата со деца што зборуваат „валкани зборови“
В) на тоа не треба да му се придава големо значење – сепак, сите знаеме понекогаш да употребуваме вакви зборови
Г) на детето треба да му се дозволува да ги изрази своите чувства, независно дали начинот на кој го прави тоа ни се допаѓа.

8. Детето што влегува во пубертет ве моли да го пуштите во викендичка на негов
другар. Родителите на другото дете нема да се таму. Дали ќе го пуштите?
А) во никој случај, ако децата сакаат да се забавуваат, треба во присуство народителите
Б) можно е ако знам дека децата се добри и не се проблематични
В) моето дете е разумно и ќе знае правилно да одлучи, но јас ќе бидам загрижен/а
Г) не гледам причина да забранам.

9. Како ќе реагирате ако дознаете дека вашето дете се послужило со лага?
А) ќе се обидам да предизвикам кај него чувство на вина
Б) ако случајот не е многу сериозен, нема да се занимавам со тоа
В) ќе се налутам
Г) ќе се обидам да дознаам зошто ме лажел/а.

10. Дали сметате дека му давате добар пример на вашето дете?
А) безусловно
Б) се трудам
В) се надевам
Г) не знам.

Споредете ги вашите одговори со одговорите во табелата и констатирајте на кој воспитен стил припаѓаат вашите методи и размислувања.