Авторитативниот родителски стил е најпосакуваниот родителски стил. Тој поаѓа од ставот „ние граидме добар однос“ и превзема одговорност за грижа и водство на своето дете. Го почитува детето и му дава можност да ги изрази своите потреби и ставови.  Овој родител поттикнува на разговор, но и поседува вештини за слушање и емпатија.

Секогаш му е важна комуникација, но и желбите и потребите на детето. Тој истовремено е способен да воспостави цврста граница пропорционална со потребите на детето. Овој родител е секогаш доследен до постапките и ги поттикнува љубопитноста, креативноста и самостојноста на своето дете, но притоа води и сметка за неговите емоции.

Особини и карактеристики кои се развиваат кај детето со овој воспитен стил се:

  • среќно дете со чувство на сигурност;
  • контактибилно дете, се впушта во докажување со аргумент, ги сака правдата и честа, носи сопствени одлуки;
  • самодоверба и самопочит;
  • развиена способност за совладување на предизвикувачки задачи;
  • добри училишни постигнувања;
  • способност за контрола на емоциите;
  • добро развиени социјални вештини;
  • способност за остварување и одржување на пријателства,
  • добро реагира на авторитетот на возрасниот, ако е проследено со почит и можност за самодокажување.