Овој родител е спротивен на попустливиот родител  и поаѓа од ставот дека „јас најдобро знам што е добро за моето дете“. Односот на авторитарниот родител со детето е еднонасочен, полн со барања и со малку топлина. Тој настојува да ги обликува, контролира и оценува однесување и ставовите на детето, но во согласност со неговиот личен стандард, кој зависи од неговото моментално расположение и потреби.

Тој ја цени и фаворизира слепата послушност, и често може да користи казнени, присилни мерки за да го контролира однесување на детето.

Не ја почитува детската личност, секоја грешка ја корегира преку вградениот страв кај детето. Тој не преговара со дететот, зборот на родителот е закон, бидејќи нивната релација се заснова врз моќ. Аворитарен родител дава предност на казната и силата наспроти љубовта и комуникацијата.

Особини и карактеристики кои се развиваат кај детето со овој родителски стил се:

  • анксиозно, повлечено, исплашено и несреќно дете;
  • слаби реакции на фрустрација;
  • добар училишен успех поради страв од казна;
  • несупехот е придружен со вознемиреност;
  • има тешкотија во остварување и одржување на пријателства;
  • може да биде бунтовно кога ќе стане адолесцент и да се идентификува со насилниот родител и друго.

Секој родителски воспитен стил развива одредени особини и карактериски кај детето. Во учење на вашиот родителски стил размислете кои особни и карактеристики сакате да ги поседува вашето дете.